Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но можеби ќе треба
повторно да ја наполните пред за првпат да го вклучите телефонот.
Ако телефонот покажува дека батеријата е речиси празна, направете го следното:
Не треба да ја полните батеријата за некое определено време и можете да го
користите телефонот додека се полни.
Кога батеријата се полни, индикаторот за полнење бавно трепка. Кога батеријата
е полна, индикаторот за полнење е постојано вклучен.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред
индикаторот за полнење да се појави на екранот или пред да можат да се направат
било какви повици.