Информации за батеријата и полначот
Вашиот уред има внатрешна батерија која не се отстранува и која повторно се полни. Не обидувајте се да ја отстраните
батеријата бидејќи може да го оштетите уредот. За да ја замените батеријата, однесете го уредот во најблиската
овластена установа за сервис.
Овој уред е наменет за користење кога се снабдува со енергија од следниве полначи: AC-16 . Правиот број на модел
на полначот на Nokia може да варира според видот на приклучокот, идентификуван според E, X, AR, U, A, C, K, B или N.
Полначите од трети лица што се во согласност со стандардот IEC/EN 62684 и што може да се поврзат со уредот преку
микро-USB конекторот, може да се компатибилни.
Батеријата може да се полни и празни стотици пати, но на крајот таа ќе се истроши. Кога времињата за разговор и
мирување се значително пократки од нормално, за да ја замените батеријата, однесете го уредот до најблискиот
овластен сервис за замена на батеријата.