Потенцијално експлозивни средини
Исклучете го Вашиот уред кога сте во област со потенцијално експлозивна атмосфера, на пример во близина на
бензинска станица. Искрите во таквите области може да предизвикаат некоја експлозија или пожар кои што може да
предизвикаат телесни повреди или смрт. Придржувајте се до ограничувањата во области за складирање и
дистрибуција на гориво; хемиски фабрики; или каде што се вршат експлозии. Областите со потенцијално експлозивна
атмосфера се често, но не секогаш, јасно означени. Тие вклучуваат области каде што ќе Ви биде советувано да го
исклучите моторот на Вашето возило, под палубата на бродовите, при трансфер на хемикалии или установи за
складирање каде што воздухот содржи хемикалии или честички како што се зрнца, прашина или метален прав. Треба
да проверите кај производителите на возила кои што користат течен гас како гориво (како што се пропан или бутан)
за да одредите дали овој уред може безбедно да се користи во нивна близина.