За камерата
Одберете .
Камера и Галерија 69
Зошто да носите посебна камера ако телефонот има сé што Ви е потребно за да
ги овековечите сеќавањата? Со камерата на телефонот лесно можете да
фотографирате или да снимате видео записи.
Задната камера на телефонот е камера со автоматски фокус со 8 мегапиксели.
Објективот Carl Zeiss™ со широк агол Ви овозможува со проширување на аголот
на гледање да доловите повеќе, на пример, при групна фотографија во затворен
простор.
Подоцна можете да го искористите телефонот за да ги гледате или уредите
фотографиите и да ги гледате видео записите, да ги споделите на интернет или
да ги испратите на компатибилни уреди.
Совет: За брз пристап до камерата, држете го телефонот исправен и повлечете
го прстот од под дното на екранот на допир врз екранот. Држете го прстот на
место, додека да се прикаже лентата за брзо активирање.