Nokia N9 64GB - Совети за камерата

background image

Совети за камерата
Одберете .

Еве неколку совети да Ви помогнат со користењето на камерата.

Користете ги двете раце за да ја држите камерата мирно.

За да зумирате, користете ги копчињата за јачина на звукот или лизгачот за

зумирање на екранот.

При зумирање, квалитетот на сликата може да се намали.

За да прекинете со фотографирањето откако сте ја одбрале иконата ,

излизгајте го прстот подалеку од иконата , а потоа подигнете го.

Камерата оди во режимот на штедење на батеријата по една минута

неактивност. За да разбудите камерата, допрете го екранот.

Одржувајте безбедно растојание кога го користите блицот. Не го користете

блицот на луѓе или животни одблизу. Не го покривајте блицот додека

фотографирате.

За да смените помеѓу фотографирање и снимање видео, одберете ја иконата

или иконата .

Камера и Галерија 71

background image

За да ги промените прилагодувањата на камерата, како што се блицот,

режимите на сцени, соодносот и резолуцијата, допрете ја областа за

прилагодувања, иконата

и одберете го прилагодувањето.

Стандардно, фотографиите користат сооднос 16:9 и имаат резолуција од 7

мегапиксели. Овој сооднос најмногу соодветствува за гледање на

фотографиите на ТВ, бидејќи нема црни рабови. За да направите фотографии

со 8 мегапиксели, сменете го соодносот на 4:3. Допрете ја областа за

прилагодувања и одберете ги соодветните прилагодувања.

За да споделите фотографија или видео со NFC директно од камерата,

фотографијата или видеото треба да се прикажани на екранот. Стандардно,

содржината не се прикажува по фотографирањето или снимањето видео

запис. За да ја прикажете, допрете ја областа за прилагодувања и одберете

го соодветното прилагодување за Show captured content.

Во сите апликации, па дури и со заклучен екран, лесно може да пристапите

до камерата. Држете го телефонот исправен и повлечете го прстот од под

дното на екранот на допир врз екранот. Држете го прстот на место, додека

да се прикаже лентата за брзо активирање.