Nokia N9 64GB - Фотографирање

background image

Фотографирање
Одберете .

Одберете и задржете ја иконата . Фокусот е наместен кога ќе се прикаже син

правоаголник. За да фотографирате, подигнете го прстот. Не поместувајте го

телефонот пред фотографијата да се зачува и телефонот е подготвен за нова

фотографија.

Зумирање или одзумирање
Користете ги копчињата за јачина на звукот.

Фокусирање на конкретен објект или област
Допрете го објектот или областа на екранот.
Фокусот на допир е секогаш активиран. Сепак, не е достапен во режимот за пејзаж

и во режимот за спортски сцени.

Кога фотографирате, можете да ја преорганизирате фотографијата без да ја

изгубите фокусната точка.

Преорганизирање на фотографијата додека фотографирате

1 За да го наместите фокусот, одберете и задржете ја . Фокусот е наместен

кога ќе се прикаже син правоаголник.

2 Преорганизирајте ја фотографијата.
3 За да фотографирате, подигнете го прстот.

70

Камера и Галерија

background image

Совет: За да означите фотографија како омилена веднаш по фотографирањето,

одберете ја иконата , допрете го екранот за да ја прикажете лентата со алатки

и одберете ја иконата . Подоцна, фотографијата можете да ја најдете на табот

во Gallery.

Со функцијата за следење на лица, можете да направите остри фотографии од

лицата на луѓето. Тоа ги оптимизира фокусот, балансот на белата боја и

откривањето и црта правоаголници околу лицата, дури и кога тие се движат. Не

е достапна во режимите за пејзаж, спорт, ноќниот и режимот за макро сцени.

Вклучување или исклучување на следењето на лица
Допрете ја областа за прилагодувања и вклучете или исклучете ја функцијата

Face detection

.

Ако го допрете екранот за да го поместите фокусот, следењето на лица се

исклучува. За повторно да го вклучите, допрете во средината на екранот.

Следењето на лица се вклучува и кога ќе се вратите на камерата од друг режим.

Фотографиите и видео записите што се направени со телефонот се зачувани во

Gallery. За да отворите Gallery, одберете ја иконата .