Избор на USB режимот
За најдобрите резултати кога користите USB кабел за да добиете содржини од
компјутерот или кога ги синхронизирате содржините со компјутерот, користете
го соодветниот USB режим.
1 Користете компатибилен USB кабел за да го поврзете телефонот со
компатибилен компјутер или друг уред.
2 Кога е побарано, одберете од следното:
Use as mass storage — Телефонот е препознаен како USB флеш меморија.
Исто така, можете да го поврзете телефонот со други уреди, како стерео
опрема во домот или во автомобилот.
Додека сте поврзани со компјутер во овој режим, можеби нема да можете да
користите некои од апликациите на телефонот. Можно е да го користите
компјутерот за преглед, синхронизација, преместување или бришење на
фотографиите, музичките датотеки и другите содржини што се зачувани во
телефонот.
Sync and connect — Се поврзавте на компјутер на којшто е инсталирана
апликацијата Nokia Link. Во овој режим можете да го синхронизирате
телефонот со користење на Nokia Link и да ги користите другите функции на
Nokia Link.
Овој режим се активира автоматски кога ќе ја отворите апликацијата Nokia
Link.
Совет: За да го поставите стандардниот USB режим што се користи секојпат кога
ќе го поврзете телефонот, одберете и
Accessories
>
USB
.