За WLAN конекциите
Можете да се поврзете на безжична локална мрежа (WLAN) во менито за статус.
Допрете ја зоната на статусот.
Важно: Користете шифрирање за да ја зголемите безбедноста на Вашата WLAN
конекција. Користењето на шифрирање го намалува ризикот од пристапот до
Вашите податоци од страна на други лица.
Забелешка: Користењето на WLAN може да биде ограничено во некои земји,
на пример, во Франција и Ирска. За повеќе информации, контактирајте ги Вашите
локални власти.
Овој телефон ги поддржува WLAN протоколите 802.11a, 802.11b, 802.11g и
802.11n. Можете да креирате 802.11n конекција со користење на
фреквенцискиот појас од 2,4 и 5 GHz.