Репродукција на медиумските датотеки
Дали на телефонот имате зачувани фотографии или видео записи што сакате да
ги видите на друг уред, како на пример ТВ? Или можеби музика што сакате да ја
чуете преку домашниот стерео систем? Користете го телефонот за репродукција
на медиумските датотеки на Вашите DLNA уреди безжично.
За да го направите ова, Ви треба WLAN, а телефонот и DLNA уредот мора да се
поврзани на WLAN. За најдобрите резултати, безжичниот рутер мора да е поврзан
со DLNA уредот преку поврзување со кабел.
За повеќе информации околу тоа како да ја поврзете WLAN конекцијата, одете на
www.nokia.com/support.
Репродукција на фотографии или видео
Видете "Безжичен приказ на фотографиите и видео записите на домашниот
систем за забава" стр. 81.
Репродукција на музика
Видете "Безжична репродукција на музика на домашниот систем за забава"
стр. 67.
36
Конективност