Nokia N9 64GB - За методите за позиционирање

background image

За методите за позиционирање
Телефонот ја прикажува Вашата локација со користење на GPS, A-GPS, WLAN или

мобилно позиционирање.

Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е навигациски систем со сателитска

основа што се користи за пресметување на Вашата локација. Потпомогнатиот GPS

(A-GPS) е мрежна услуга што Ви испраќа GPS податоци, подобрувајќи ја брзината

на позиционирањето. Дополнително, сите подобрувања на GPS можат да се

користат за подобрување на прецизноста и брзината на позиционирањето. Ова

може да бара пренос на мали количини на податоци преку мобилната мрежа.

Позиционирањето безжична локална мрежа (WLAN) ја подобрува прецизноста на

позицијата кога нема достапни GPS сигнали, посебно кога се наоѓате во затворен

простор или меѓу високи згради.

Со мобилното позиционирање, позицијата се одредува преку антената на

мобилната мрежа со којашто телефонот е моментално поврзан.

За да ги намалите трошоците за пренос на податоци, можете да го исклучите A-

GPS во прилагодувањата за позиционирање на телефонот, но затоа

пресметувањето на Вашата локација ќе трае подолго.

Можете да го исклучите WLAN во прилагодувањата за интернет конекција на

телефонот.

Во зависност од достапните методи за позиционирање, прецизноста на

позиционирањето може да варира од неколку метри до неколку километри.

На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да влијаат Вашата локација,

положбата на сателитите, зградите, природните пречки, временските услови и

прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите

Американски Држави. GPS сигналите можат да бидат недостапни во

внатрешноста на згради или под земја.

Не користете GPS за прецизни мерења на локации и никогаш не потпирајте се

исклучиво на податоците за локацијата обезбедени од GPS и мобилните мрежи.

Координирани информации може да бидат недостапни во некои региони.