
Активности на екранот на допир
За да го користите телефонот, допрете или допрете и задржете го екранот на
допир.
Отворање апликација или избор на објект
Допрете ја апликацијата или објектот.
20
Основна употреба

Враќање на почетниот приказ
За да напуштите апликација и да се вратите на почетниот приказ, лизгајте од
надвор од екранот допир на екранот. Можете да лизгате од левата и десната стана
или од дното на екранот. Апликацијата работи во позадината.
Совет: За да ја затворите моменталната апликација целосно, лизгајте од врвот на
екранот на допир. Незачуваните податоци во апликацијата може да се загубат.
Брзо лизгање
Поставете го прстот на екранот, а потоа лизгајте го во саканата насока.
Пример: За да се префрлите меѓу почетните прикази, лизгајте брзо лево или
десно. За да се движите низ листа или мени, лизгајте со прстот нагоре или надолу.
Допрете и задржете за да видите повеќе опции.
Поставете го прстот на некој објект додека не се отвори менито.
Основна употреба 21

Пример: За да испратите картичка за контакт или да избришете аларм, допрете
и задржете го контактот или алармот, а потоа одберете ја саканата опција.
Влечење објект
Допрете и задржете го објектот и лизгајте го прстот преку екранот. Објектот го
следи прстот.
Пример: За да ги преуредите апликациите во приказот Апликации, допрете и
задржете ја саканата апликација и повлечете ја на друго место.
Зумирање или одзумирање
Поставете два прста на објект, како фотографија или web страница, и одвојте ги
или спојте ги прстите.
Отворање на опциите за одреден приказ
Допрете ја иконата и моментално отворената апликација.
Вклучување или исклучување на прилагодување
Допрете го прекинувачот.
22
Основна употреба