Поставување на автоматско заклучување на телефонот
Сакате да го заштитите телефонот од неовластена употреба? Дефинирајте
безбедносен код и поставете го телефонот автоматски да се заклучува кога не го
користите.
1 Одберете и
Security
>
Device lock
.
2 Одберете
Security code
и внесете го безбедносниот код (најмалку 5 знаци).
Можете да користите броеви, симболи и големи и мали букви.
Безбедносниот код чувајте го во тајност и на безбедно место, одделно од
телефонот. Ако го заборавите безбедносниот код и не можете да го вратите,
Вашите лични податоци ќе бидат избришани пред да можете повторно да го
користите телефонот. Ако сте го поставиле бројот на дозволени обиди за
внесување на погрешен безбедносен код, по последниот обид, телефонот ги
брише Вашите податоци и ги враќа оригиналните прилагодувања. Ако не сте
го ограничиле бројот на дозволени обиди, телефонот мора да се сервисира
пред да можете повторно да го користите.
3 Одберете
Autolock
и дефинирајте ја должината на периодот по којшто
телефонот автоматски се заклучува.
Отклучување на телефонот
1 Притиснете го копчето за вклучување и лизгајте од надворешната страна на
екранот врз екранот. Можете да лизгате од која било насока.
2 Внесете го безбедносниот код и одберете
OK
.
Совет: Исто така можете двапати да го допрете екранот и лизгајте од
надворешната страна на екранот врз екранот.
Совет: Кога го ажурирате софтверот на телефонот користејќи ја компјутерската
апликација Nokia Software Updater, јазикот на тастатурата на екранот е поставен
на стандардниот јазик. Ако безбедносниот код вклучува знаци што не се дело од
тастатурата на екранот, одберете
, а потоа лизгајте налево или надесно низ
тастатурата за да го промените јазикот на тастатурата на екранот на оној што бил
користен за создавање на безбедносниот код.
Совет: Ако сте дефинирале личност од доверба, ако некогаш го заборавите
безбедносниот код, по текстуална порака можете да ѝ го испратите кодот.
Одберете
Device lock
>
Trusted person
>
Select trusted person
и контакт од
листата. Ако во листата со контакти се промени бројот на личноста од доверба,
морате рачно да го промените бројот.