Прилагодувања за заклучување на телефонот
Можете да дефинирате безбедносен код и да го поставите телефонот автоматски
да се заклучува кога не го користите.
Основна употреба 23
Некои услуги, како на пример Mail for Exchange, може да бараат да дефинирате
безбедносен код за телефонот. Во зависност од администраторските барања за
безбедност, можат да бидат променети и прилагодувањата за заклучување на
телефонот, како на пример Autolock и Number of tries.
Одберете и
Security
>
Device lock
и од следното:
Autolock — Поставете ја должината на времето пред телефонот автоматски да
се заклучи.
Security code — Променете го безбедносниот код. За да го користите
заклучувањето на телефонот, треба да дефинирате безбедносен код.
Number of tries — Поставете ограничување за неточни обиди за внесување на
безбедносниот код. Откако ќе се постигне ограничувањето, телефонот се враќа
на стандардните прилагодувања и сите кориснички податоци се бришат.
Trusted person — Поставете еден од Вашите контакти како личност од доверба.
Ако сте дефинирале личност од доверба, ако некогаш го заборавите
безбедносниот код, по текстуална порака можете да го испратите кодот до
личноста од доверба. Откако ќе го внесете неточниот безбедносен код, одберете
Recover
и следете ги прикажаните упатства.
Remote security features — Поставете далечинско заклучување. Ако го загубите
телефонот, можете да го заклучите од далечина или да ги избришете податоците
што се зачувани на него.