Nokia N9 64GB - Пишување со користење на Swype

background image

Пишување со користење на Swype
Како да пишувате побрзо? Користете ја тастатурата Swype за да пишувате побрзо

и полесно.

Активирање на Swype

1 Одберете и

Time and language

>

Text input

и активирајте

Swype

.

2 Одберете

Swype settings

и јазикот.

Пишување со користење на Swype
За да ја отворите виртуелната тастатура, одберете поле за внесување текст.

Лизгајте го прстот од буква до буква; не мора да бидете многу прецизни. Swype

обично знае ако сакате да ја внесете истата буква двапати без да морате на

правите било што, но ако сакате да бидете сигурни, продолжете да чкрткате или

направете јамка околу буквата. Кога ќе го дигнете прстот за да внесете нов збор

автоматско е вметнато празно место.

Совет: За привремено да ја исклучите функцијата за автоматско празно место,

лизгајте го прстот во насока од копчето space до копчето backspace. За да го

направите ова прилагодување трајно или да ги измените другите прилагодувања,

одберете и задржете го копчето Swype во долниот лев дел на тастатурата.

Пишување и уредување текст со користење на функцијата за предложување на

зборови
Додека пишувате, се појавува листа со можни зборови. За да се движите низ

листата, влечете го прстот лево или десно на листата. Ако е прикажан саканиот

збор, одберете го. Ако саканиот број е прв во листата, започнете со внесување

на следниот збор и зборот е автоматски вметнат.
За да видите листа со алтернативи за збор што веќе сте го внеле, одберете го

зборот.

Додавање збор во речникот
Напишете ги буквите од зборот една по една, потоа одберете го зборот од

листата со предложени зборови. Потврдете кога ќе бидете прашани.

Основна употреба 27

background image

Совет: За брзо додавање на неколку зборови, телефонски броеви или зборови

што содржат броеви кон речникот, влечете за да ги означите, а потоа одберете

го копчето Swype.

Промена на големината на буквите на зборот
Влечете за да го означите зборот, а потоа лизгајте во насока од копчето Swype

до копчето shift. Одберете ја саканата опција од листата.

Совет: За да напишете збор со голема почетна буква, во едно течно движење,

поставете го прстот на буквата, лизнете го прстот над тастатурата и назад до

следната буква. Нормално напишете го остатокот од зборот.

Вметнување надреден знак, симбол или број
За да видите листа со знаците што се достапни за одредено копче, одберете и

задржете го копчето. Одберете го знакот од листата.

Пример: За да ја вметнете буквата á, одберете и задржете го копчето a и од

прикажаната листа, одберете á.

Совет: Ако сакате да го преместите курсорот во текстот или да најдете други

опции за уредување на текстот, лизгајте во насока од копчето Swype кон копчето

+!=.

За помош, совети и видео записи за користење на Swype, одете до

www.swype.com.