За Mail for Exchange
Дали би сакале да ги имате e-mail пораките од работа, контактите и календарот
при рака, било тоа да седите на компјутерот или сте во движење со телефонот?
Можете да ги синхронизирате важните содржини помеѓу телефонот и Microsoft
Exchange сервер.
Одберете и
Add account
>
Mail for Exchange
.
Mail for Exchange може да се постави само ако Вашата компанија има Microsoft
Exchange сервер. Дополнително, администраторот за ИТ во Вашата компанија
мора да го активирал Microsoft Exchange ActiveSync за Вашата сметка.
Користењето на Mail for Exchange е ограничено за синхронизација преку мрежата
на PIM информации помеѓу Nokia уредот и овластениот Microsoft Exchange
сервер.
Пред да започнете со поставувањето на Mail for Exchange, осигурете се дека го
имате следното:
•
Корпоративна e-mail адреса
•
Името на Вашиот Exchange сервер (контактирајте со одделот за ИТ на Вашата
компанија)
•
Името на доменот на Вашата мрежа (контактирајте со одделот за ИТ на Вашата
компанија)
•
Лозинката за мрежата на работа
Во зависност од прилагодувањата на Exchange серверот, можеби ќе треба да
додадете дополнителни информации. Ако не ги знаете точните информации,
контактирајте со одделот за ИТ на Вашата компанија.
64
Пораки и друштвени мрежи
Кога ќе ја поставите Вашата сметка за Mail for Exchange, телефонот може да Ве
праша да дефинирате безбедносен код. Во зависност од администраторските
барања за безбедност на Mail for Exchange, можат да бидат променети и
прилагодувањата за заклучување на телефонот, како на пример Autolock и
Number of tries. Откако ќе дефинирате безбедносен код, ако не го користите
телефонот за одредено време, самиот се заклучува. За да го користите телефонот
повторно, треба да го внесете кодот.
Синхронизацијата се извршува автоматски, во интервали што се поставени при
поставувањето на сметката за Mail for Exchange. Се синхронизираат само
содржините што се дефинирани при поставувањето на сметката. За да
синхронизирате дополнителна содржина, изменете ги прилагодувањата на Mail
for Exchange.