Кодови за пристап
PIN код
(4-8 цифри)
Ова ја штити Вашата SIM картичка од неовластена употреба
или е потребно за пристап до некои функции.
Можете да го поставите телефонот да прашува за PIN код
кога ќе го вклучите.
Ако кодот не е доставен со Вашата SIM картичка или ако го
заборавите кодот, контактирајте со Вашиот оператор на
услуги.
Ако трипати по ред впишете неточен код, треба да го
одблокирате кодот со PUK кодот.
PUK код
(8 цифри)
Ова е потребно за да го одблокирате PIN кодот.
Ако кодовите не Ви се доставени со Вашата SIM картичка,
контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги.
IMEI број
(15 цифри)
Ова се користи за идентификација на важечките телефони
во мрежата. Бројот може исто така да се користи за
блокирање на, на пример, украдени телефони.Исто така,
можеби ќе морате да го дадете бројот на службите на Nokia
Care.
За да го видите Вашиот IMEI број, бирајте *#06#.
Код за
заклучување
(безбедносен код)
(минимум 5 цифри
или знаци)
Ова Ви помага да го заштитите телефонот од неовластена
употреба.
Можете да го поставите телефонот да прашува за кодот за
заклучување што ќе го дефинирате.
Кодот чувајте го во тајност и на безбедно место, одделно
од телефонот.
Ако го заборавите безбедносниот код и не можете да го
вратите, Вашите лични податоци ќе бидат избришани пред
да можете повторно да го користите телефонот. Ако сте го
Совети 111
поставиле бројот на дозволени обиди за впишување на
погрешен безбедносен код, по последниот обид,
телефонот ги брише Вашите податоци и ги враќа
оригиналните прилагодувања. Ако не сте го ограничиле
бројот на дозволени обиди, телефонот мора да се
сервисира пред да можете повторно да го користите.
За повеќе информации, контактирајте со Nokia Care или со
продавачот на телефонот.